Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин доколку тој покаже дека е заинтересиран да стави крај на војната што ја води во Украина. Но, Бајден додаде: „Тој сè уште не го сторил тоа”.
Бајден ги опиша акциите на Русија во Украина како „болни” и рече дека засега нема планови да контактира со Путин.
Ова Бајден го изјави за време на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, на која двајцата лидери ја потврдија својата посветеност да ја поддржат Украина.
Двајцата претходно ветија дека Русија ќе одговара за воените злосторства во Украина.