Јапонија ги извести Кина и Русија дека е „сериозно загрижена” од зголемената активност на нивните воздушни сили во близина на нејзината територија, рече главниот секретар на јапонската влада, Хироказу Мацуно.
„Внимателно и со загриженост ќе ја следиме зголемената соработка меѓу двете земји”, рече Мацуно на редовната прес-конференција, нагласувајќи дека Јапонија „одлучно ќе ги брани” своите територии.
Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека руски и кинески авиони бомбардери извршиле заеднички патроли над Јапонското и Источнокинеското Море.