Пензионер прегазен од комби на паркинг во Аеродром

На 01.12.2022 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од паркинг простор и сервисна улица која го поврзува бул.„Јане Сандански” , товарно возило „мерцедес бенц”  управувано од Б.М.(22) од Скопје, удрило во Л.Е.(73) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави