Новата година ни чука на врата, празничната еуфорија веќе можеме да ја почувствуваме насекаде околу нас – во нашите домови, низ улиците, кафулињата, а најмногу од се, низ продавниците, бидејќи тие се местата кои го нудат она на што речиси сите најмногу се радуваме – новогодишните подароци!
Новогодишните подароци носат радост во срцата како на оние кои ги добиваат, така и на оние кои ги купуваат. Насмевката на лицата на најмилите која ќе се појави кога ќе ги отворат добиените подароци, е бесценета! А, пак, радоста која ја чувствувате кога ќе го видите совршениот подарок одбран специјално за вас, е неопислива! За оние кои уживаат во купувањето новогодишни подароци и измамување насмевки кај најмилите, но и за сите оние кои сакаат да ги искористат новогодишните попусти или, пак, кои едноставно уживат во шопингот, Халкбанк подготви подарок! Кампањата „Подарок со многу нули” е наменета за физички лица кои се иматели на кредитни картички од брендот Mastercard (Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless и Mastercard World Contactless) издадени од Халкбанк АД Скопје и во неа може да се добие подарок од 1.000 денари. Имено, првите 1.000 иматели на споменатите картички кои до крајот на оваа година ќе направат трансакции преку ПОС терминали или интернет трансакции во вкупна вредност од минимум 10.000 денари, Халкбанк како подарок ќе им даде поврат на средства од 1.000 денари!
Повратот на средства се прави неколку дена по достигнување на трошењето од минимум 10.000 денари, а корисниците подарокот од Халкбанк ќе можат да го видат на изводот на кредитната картичка и на електронското, односно мобилното банкарство, и истиот ќе можат да го искористат за идни плаќања по сопствен избор.
Еден ист корисник ќе може по втор пат да освои награда само доколку го исполни условот со различни кредитни картички (Mastercard World Contactless и Mastercard Credit Contactless/ Mastercard Standard ), односно и со двете картички да има промет од по 10.000 денари во периодот на кампањата.
Среќата е единственото нешто кое расте кога се дели – вие споделете ја со вашите најмили, а ние ќе ја споделиме со вас! Направете го вашиот шопинг забавен со Вашиот верен партнер Халкбанк!