Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Перо Наков” бб (магацин за печурки), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа, како и од улиците „Боривое Милошевски”, „Димче Милошевски” и „Зенден Џемаил”.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:25 часот до завршување со санација на дефектот.