Камион Кока-Кола украсен со божиќни украси се запалил додека се возел по фреквентен пат во главниот град на Романија, Букурешт, пишува Би-би-си.
Засега не е познато зошто избувнал пожарот.
Возачот успеал да излезе од возилото пред да биде зафатено во пламен.
Пожарникарите брзо го изгаснале пожарот и нема информации за повредени.
Компанијата за безалкохолни пијалаци изјави за локалните медиуми дека презема мерки за да спречи понатамошни инциденти од слична природа,пренесе Индекс.хр.