Чин прв
Данела Арсовска стана градоначалник на Скопје. Вети бесплатен превоз. На изборите беше поддржана од опозициската ВМРО ДПМНЕ и (хипотетски Левица), здружени сили за 100.000 гласа, кога ќе се „скараме“ со „директорите“ од едната, ќе дојдат на ред од „другата“, за сите ќе има… по некоја улога.
Чин втор
Релациите Арсовска – ВМРО ДПМНЕ – Левица почнуваат со акција на зацртаните планови и програми. Прво беа директорите на ВМРО ДПМНЕ на функција, медарите, (они така си се викаа де), па сега овие… (хипотетски) Левица, ГРОМ… тој, како го викаат Советот на градот, кој (не) работи тој и (не) греши, а скопјани „кинат живци“ со плус трите часа неплатено (по) работно време додека да си дојдат дома од работа оти нема автобус или има гужва во сообраќај, оти и тие работат и баш затоа земаат плата, плаќаат превоз, не за да ѝ излезат во пресрет на „мирната“ атмосфера во таа Седницата на Советот на Град Скопје. Многу ги чинат тие три часа, а никој не им ги плаќа. Пари се земаат само за циркусот и за „медот“.
Чин трети
Проба тест: (Закана за) „Бомба“ во ЈСП. Издржаа скопјани.
Утре: Протест на ЈСП, нема јавен превоз, приватниот ќе спасува, колку да не биде ептен без ништо, само да се направи гужва во сообраќај. Потоа се слуша само „тоа е“.. Граѓаните нервозни, возачите на колена за платите. Тоа е.
Протест на Приватните превозници, нема доволно јавен превоз, гужва во сообраќај. Скопје врие, да издржи до избори… да се исполнат плановите дадени што (си) ги дадовме пред избори. Возачите на приватните превозници без работа. Тоа е.
П.С. Врти сучи сè се шушка нешто околу Владата, а Владата не е ни сол во целиот овој „колач“, што се вика Буџет на Град Скопје, читај милиони евра за… целата драма што ја доживуваме, само да поверуваме дека Трајко, Данела и Ленин навистина се „скарани“?!
Леле, леле…
Кој рече леле?!
Повеќе во видеото: Moдерно Скопје и бесплатен превоз, Скопје, Влае. По 40 минути некако дојде „Двојка“. Граѓаните мирни, културни, што да прават?! Ем платиле, ем да аплаудираат?!