Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември Градот Скопје денеска го одбележа со Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје, при што додели додатоци за електромоторни погони за инвалидскит колички на лица со телесен инвалидитет.
-Континуирано работиме на подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, како еден од моите приоритети, при што се залагаме да се стекнат со мобилност неопходна за меѓусебна соработка и вмрежување, соопштија градските власти.