На 03.12.2022 во 00.50 часот на автопат Куманово – Граничен премин Табановце, на излез од автопатот и почеток на магистралниот пат за Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Ф.(56) од Скопје. При преглед во возило „киа”, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Пакистан. Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.