Денес 03.12.2022 година (сабота) градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со своите соработници оддржа отворен ден за граѓаните кои имаа можност да дадат своја идеа за буџетот за 2023 година.
На отворениот ден присуствуваше и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска.
За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:
Граѓаните пишуваат буџет
ВМРО-ДПМНЕ заедно со својот народ
107 граѓани денес дадоа своја идеа за буџетот за 2023 година.
Граѓаните на општина Гази Баба земаа учество во денешниот отворен ден организиран од ВМРО-ДПМНЕ на кој јас и моите соработници ги примавме идеите за буџетот за 2023 година. – напиша Стефковски