Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски, ќе биде надвор од терените подолг период откако заработи скршеница на десната рака на тренинг и итно е опериран.
Неговиот клуб Оуренсе на официјална страница објави дека поради скршеница на десната рака, Ѓуроски морал да оди на оперативен зафат.
Македонскиот репрезентативец се чувствува добро, а сега претстои период на рехабилитација за крилниот кошаркар. Неговото враќање на терените се очекува во 2023 година.