Голем број на жители на Општина Илинден се одзваа на нашиот повик за нивно учество во креирањето на општинскиот буџет за 2023 година. Со Вашите идеи и предлози за новиот Буџет дадовте вистински придонес во развојот и насоката во која ќе се движи Илинден во наредната година.
Како и досега, Општина Илинден останува транспарентна и отворена за граѓаните, заедно да ја претвориме нашата општина во модерно и урбано место за живеење.
Ве поканувам да дојдете и утре во општинските простории од 11 до 14 часот и во рамки на проектот „Отворен ден во твојата Општина” да ни ги пренесете Вашите идеи и предлози.