Нејмар и Данило продолжуваат со опоравувањето и остануваат под знак прашалник за осминафиналето на Бразил против Јужна Кореја. Ова го соопшти лекарот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар.
Нејмар и Данило се здобија со повреди на првиот натпревар на „селесао“ на Светското првенство против Србија. Проблемите и на двајцата се во скочниот зглоб.
„Уште не тренираат со топка и треба да видиме каков ќе биде тој премин во работата. Знаците од Данило се многу позитивни. Што се однесува до Нејмар, треба да видиме што ќе се случи. Ако се е в ред, имаме причина да мислиме дека Данило ќе биде подготвен за следниот натпревар“, изјави докторот Ласмар.
Селекторот Тите има и нови проблеми по дуелот со Камерун. На повреди се жалат Габриел Жесус и Алекс Телјес и тие веројатно нема да можат да играат до крајот на Светското првенство.