Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик се пошегува денеска пред осминафиналниот дуел на Светското првенство во Катар против Франција, наведувајќи дека на полскиот тим ќе му биде потребен скутер да го стигне францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, кој е познат по својата брзина.
– Како да се одбраниме од Килијан Мбапе? Мораме да бидеме брзи, потребен ни е скутер за да го стигнеме. Тешко е да се игра против еден од најдобрите фудбалери на светот. Ќе мораме да се браниме колективно, бидејќи никој поединечно не може да го стигне, изјави Милик.
Полскиот селектор Часлав Минхевич призна дека неговиот тим, веројатно, има мали шанси против актуелниот светски првак.
– Барав некои слаби точки во нивниот состав и не ги најдов. Но, секоја екипа има фази во натпреварот во кои греши. Ќе мораме да ги искористиме и да вршиме притисок врз нив цело време за да направат грешка, рече полскиот селектор.
Дуелот од осминафиналето меѓу Полска и Франција се игра утре од 16 часот.