Македонскиот кошаркарски тренер кој ја предводи московската ЦСКА, Емил Рајковиќ, ги сподели емоциите од денешната победа над УНИКС (95:93 по продолжение) во натпреварот од регуларниот дел од сезоната на ВТБ-лигата.
– Тоа беше вистинска битка и долгоочекуван натпревар меѓу лидерите во првенството. Натпреварот испадна многу тежок за двете екипи, но играчите им приредија на навивачите многу спектакуларни моменти, емоции, а исто така не разочараа во однос на посветеноста и квалитетот на играта. Видовте колку пати во текот на натпреварот мислевме дека исходот од средбата е веќе одреден, но УНИКС секој пат враќаше со прецизни тројки во решавачките моменти, изјави Рајковиќ.
Горд сум на моите играчи кои се покажаа посилни и преживеаја во таква тешка атмосфера на гостински терен во меч со голем противник и го заслужија најдобриот старт во историјата на нашиот клуб од 14 победи во низа.
ЦСКА е лидер во поредокот на ВТБ Јунајтед лигата. УНИКС е на втора линија.
Во следниот натпревар тимот на Рајковиќ ќе игра против Минск на 9 декември.