Украинецот ја следеше пресметката на стадионот на Тотнем во Лондон, а по крајот беше повикан да влезе во рингот, во кој веќе се најави неговата следна пресметка со Фјури. Британецот со микрофон во раката му се внесе в лице на Усик и не престана со прозивките и навредите кон Усик, додека овој воопшто не трепна.
„Ти победи бодибилдер (Џошуа), но јас не сум бодибилдер. Веќе му претепав еден Украинец (Кличко-н.з.), а ќе ти претепам и тебе“, рече Фјури во низата на прозивки на сметка на идниот ривал.
Фјури досега има 34 професионални борби во кои 33 пати победи, а само еднаш ремизира. Синоќа ја одбрани титулата во ВБЦ серијата во тешка категорија.