Килијан Мбапе на мундијалот во Катар не се појавуваше на медиумските должности и не разговараше со новинарите, ФИФА не го толерира ова, па на Фудбалската федерација на Франција и се заканува парична казна.
Откако постигна два гола против Полска и испиша историја, Мбапе реши да застане пред новинарите.
-Луѓето постојано прашуваат зошто не се појавувам пред медиумите. Немам ништо против новинарите, eдноставно ми е потребно да се фокусирам на фудбалот и првенството. Кога сакам да сум сконцентриран, вака се однесувам, не сакам да трошам енергија на други работи. Слушнaв дека ФФФ ќе биде казнета. Не ги знаев правилата, па се случи такво нешто од свој џеб ќе ја платам глобата. Сите сонуваа за Светско првенство и задоволство ми е што сум тука. Се подготвував цела сезона, физички и психички, но има уште многу до крајната цел, односно триумф на мундијалот – вели Мбапе.
Со пет гола зад своето име, Мбапе е најдобар стрелец на Светското првенство.
-Единствена цел ми е триумф на СП. Тукам сум за да го освојам првенството а не „Златната копачка“. Секако дека немам ништо против да бидам најдобар стрелец, но тимот е најважен, додава првиот стрелец.