ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска и Ковачевски на тајните средби освен што договараат тендери, барем да договараат и решение за хаосот со јавниот превоз

Арсовска и Ковачевски на тајните средби освен што договараат тендери, барем да договараат и решение за хаосот со јавниот превоз. Скопје е заглавено заради коалицијата СДС – Арсовска, јавниот превоз колабира.
 
Директорот на ЈСП поставен од Арсовска е кадар на СДС. Јавноста ги виде фотографиите од Стојковски од централниот штаб на СДС. Со потпис на Стојковски се склучува доворот од 27 милиони евра за набавка на нафта, со фирма на коалицискиот партнер на СДС.
 
 Дали Александар Стојковски, директор на ЈСП, кадар на СДС е поставен за да аминува тендери во 4 очи? Зошто ЈСП троши повеќе нафта од тоа што трошеше пред 8 години со повеќе автобуси? Зошто фирмата на владиниот пратеник е победничката на милионскиот тендер за набавката на нафта за ЈСП? 
 
Одговорот се крие во коалицијата Ковачевски – Арсовска. А сето тоа се прелева врз нормалното работење на градот и претпријатијата. Јавниот превоз тоне. Приватните превозници се оставени на цедило. Арсовска не си ги подмирува долговите од обврските кои ги има градот и јавните претпријатија под неа, а заради тоа страдаат скопјани. 
 
Скопје е блокирано заради коалицијата на СДС и Арсовска. И тоа се повеќе излегува на површина.
Треба да знаете
Последни објави