Францускиот претседател Емануел Макрон го погоди точниот резултат на денешниот натпревар со Полска на Светското првенство во 2022 година.
Французите победија со 3:1 во осминафиналето благодарение на погодоците на Килијан Мбапе и голот на Оливие Жиру. Роберт Левандовски постигна гол за Полска.
– Мислам дека ќе победиме со 3:1! Левандовски ќе постигне еден како Мбапе и можеби Жиру кој сака да испише историја. Третиот гол на Франција може да го постигне џокер, изјави Макрон пред натпреварот во интервју за „Le Parisien”.
Франција во четвртфиналето ќе се сретне со поуспешниот од вечерашниот натпревар меѓу Англија и Сенегал.