ФС на Косово поднесе тужба во ФИФА против Пикси

Фудбалски сојуз Косово во ФИФА поднесе тужба против селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, поради, како што се наведува, неговите коментари на натпреварот од третото коло од групната фаза на Светското првенство против Швајцарија.

Во соопштението, меѓу другото, се посочува „бесмислената и апсурдна омраза со што се подгреа мислењето во соседната земја кон албанскиот народ“ и се бара реакција од ФИФА.

„Во текот на целиот натпревар се слушаше истакнувањето на пароли со политички пораки и расистички повици до Албанците, а ги пренесоа и светските медиуми. Бесмислена и апсурдна е омразата што со години го подгрева мислењето во соседната држава кон албанскиот народ воопшто. Федерацијата на Косово бара од ФИФА истрага за овој случај и санкции за Фудбалската федерација на Србија, за еднаш засекогаш да исчезнат фашистичките скандирања од фудбалските стадиони и настаните како што е Светското првенство“, се вели меѓу другото во соопштението.

 

Треба да знаете
Последни објави