Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
Посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден” – од крстосницата на бул. „Илинден” со бул. „Св. Климент Охридски”, до крстосницата од бул.„8 Септември” и бул. „Илинден” – крстосницата од ул. „11 Октомври” и бул.„ Кочо Рацин” (Црвен крст) и крстосницата од бул. „Гоце Делчев” и бул. „Крсте Мисирков” (Судска палата).
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.