Скопје, 5 декември 2022 (МИА) – Членот на Судскиот совет на Република Северна Македонија Зоран Герасимоски поднел неотповиклива оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Герасимовски, ова го соопшти на почетокот на денешната седница на Судскиот совет, на чиј дневен ред е избор на претседател на Судскиот совет и се иззема од гласањето за избор на нов претседател.
– Едногласно бев избран за в.д директор на Академијата, до избор на директор што ќе се случи во среда, а со цел да не дојде до застој на работите во Академијата. Согласно упатствата на ДКСК дека со мојот избор има судир на интереси денеска ја доставив мојата неотповиклива оставка од функцијата, изјави Герасимоски.
Со цел да не се наруши угледот на функцијата, Герасимоски посочи дека оставката е неотповиклива.