Кинеската мафија ги препродава билетите за четвртфиналниот натпревар на Светското фудбалско првенство Холандија-Аргентина по пет пати поголема цена од номиналната вредност, објави „Мундо Депортиво”.
Според шпанскиот весник, претставниците на кинеската мафија го користат фактот дека актуелното светско првенство би можело да биде последно за напаѓачот на Аргентина, Лионел Меси.
Дилерите им нудат на заинтересираните за билети, последен пат да уживаат во играта на 35-годишниот аргентински фудбалер во четвртфиналето по цена од 4.500 евра по билет.
Продавачите нудат и премиум пакети за 7.500 евра.
Светското првенство во 2022 година се одржува во Катар, а ќе заврши на 18 декември.
Репрезентацијата на Аргентина во четвртфиналето на 9 декември ќе се сретне со Холандија.