Нашите претставници на детската Евровизија денеска ја имаа својата прва проба на сцената.
Годинава наши претставници на детската Евровизија се Лара Трпческа, заедно со Јован и Ирина, а од фотографиите објавени од првата проба на сцената во Јереван можеме да видиме како ќе изгледат нивните костими и какво ќе биде уредувањето на сцената.
Македонија во изминатите две години, успеваше да се пласира меѓу првите 10 песни во натпреварувањето, а на 11-ти декември нашите претставници ќе настапат 10-ти по ред на сцената во главниот град на Ерменија.
Минатиот месец беше објавен официјалниот спот за песната „Животот пред мене“ во режија на Огнен Шапковски, а на YouTube се споделува и видео со фотографии од првата проба на Лара, Јован и Ирина.
Инаку Лара Трпческа е ќерка на нашиот пијанист Симон Трпчески, талентот на Ирина Давидовска пак, имаме можност да го слушнеме во каверот на „Еве Ме Пак“ од Александра Јанева, а Јован го освои второто место на hip-hop world cup во 2018-та година.
Лара, Јован и Ирина велат дека со нетрпение чекаат на 11 декември да застанат на големата евровизиска сцена и да ја претстават Македонија во најдобро светло. Автор на музиката е Симон Трпчевски, текстот на Јован Трпчески и Лара Трпческа, а продуцент Дарко Димитров.