Фудбалерите на Бразил ја оправдаа фаворитската улога во осминафиналната пресметка против Јужна Кореја и со убедлив триумф од 4-1 (4-0) изборија вечерва место во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
Бразил беше надмоќен на теренот на стадионот „974″ во Доха и сите дилеми околу победата ги реши веќе по половина час кога имаше водство од 3-0 со головите на Винисиус (7 минута), Нејмар (13, пенал) и Ришарлисон (29).
До крајот на полувремето Пакета зголеми на 4-0 (36).
Почесниот гол за Јужна Кореја беше дело на Сеунг-Хо Паик во 76 минута.
Противник на Бразил во четвртфиналето ќе биде Хрватска која на пенали ја совлада Јапонија 3-1 (1-1, 0-1).