Пресметката во НБА-лигата на екипите Денвер и Далас за кои настапуваат најдобрите кошаркари од регионов, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ заврши со минимален триумф на словенечкиот интернационалец. Далас победи со 116:115 на гостински терен.
Словенецот Дончиќ оствари скор од трипл-дабл, негов 52. во кариерата. Постигна 22 поени, имаше 12 асистенции и 10 скокови. Најефикасен во неговиот тим беше Хардавеј со 29 поени.
Србионот Јокиќ постигна 19 поени, имаше по осум асистенции и исто толку скокови. Најефикасен во тимот на Денвер беше Гордон со 27 поени.
Ноќеска се одиграа три натпревари и интересно е што сите три екипи кои победија постигнаа по 116 поени.
Резултати: Кливленд – ЛА Лејкерс 116:102, Мајами – Детроит 96:116, Денвер – Далас 115:116