Ен Хеч претрпела изгореници од втор степен на 12 проценти од телото кога се случила несреќата – но, проблематичната актерка не била под дејство на дрога со својот автомобил удрила во куќата во Лос Анџелес.
53-годишната Хеч била заробена во својот запален „Мини Купер“ околу 30 минути на 5-ти август пред да ја извлечат пожарникарите и итната помош, според извештајот на обдукцијата до кој дошол „The Post“.
Хеч починала од „инхалација и термички повреди“, како и од кршење на градната коска, која се наоѓа во центарот на градниот кош – предизвикано од тап удар при судирот, се наведува во извештајот кој го објавила канцеларијата на судскиот вештак во Лос Анџелес во вторникот.
Во извештајот се наведува дека е очекувано дека повредата била болна, а тоа што дишела во своето возило значајно придонело за нејзината смрт. Начинот на смртта е прогласен за несреќен случај, а обдукцијата ги отфрлила претходните извештаи кои велеле дека Хеч била под дејство на дрога за време на несреќата.
Во извештајот се наведува и дека тестовите од урината на актерката пронашла кокаин, канабиноиди и фентанил, но исто така е истакнато дека таа добила фентанил во болницата по несреќата.
Одвоени тестови на нејзината крв укажале на претходна употреба на бензоилекгонин, кој е токсичен метаболит кој се јавува по употребата на кокаин, но лекарот го навеле да го заклучи следното:
„Нема докази за влошување поради употреба на недозволени супстанци за време на несреќата“.
Хеч исто така се здобила со изгореници на десната страна на лицето и вратот, десното рамо, левиот горен дел на градниот кош и горните екстремитети. Покрај изгорениците од втор степен, 40 проценти од нејзиното тело добило изгореници од прв степен, а чад е пронајден во нејзините ноздри и уста, се наведува во извештајот.
Хеч била итно префрлена во итна помош, но подоцна била префрлена во Гросман Брн центарот во Вест Хилс во Калифорнија, каде и е направено пресадување на кожата на вратот, трупот и горните и долните екстремитети.
Поставена е на апарати за дишење, но во 18:38 часот е прогласена мозочна смрт, на 11-ти август. Второто прогласување е донесено 10 минути подоцна и нејзините органи и ткиво се извадени за донација, се наведува во извештајот на обдукцијата.