Фудбалскиот сојуз на Португалија излезе со соопштение откако европските медиуми ја објавија информацијата дека Кристијано Роналдо по разговорот со селекторот Фернандо Сантош се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата.
Здружението ја демантираше информацијата и соопшти дека Роналдо е целосно посветен на обврските во репрезентацијата.
Роналдо беше заменет на последниот меч од групната фаза, на што јавно се пожали, па Сантош го стави на клупата во пресрет на осминафиналето со Швајцарија. Португалија ги победи Швајцарците со 6:1, а Роналдо во игра влезе во 74. минута кога се беше решено.
Колку и да сака да го прикаже поинаку и да покаже тимски дух, изоставувањето од стартниот тим на Португалија во осминафиналниот дуел со Швајцарија (6-1) и тоа како било болно за Кристијано Роналдо, кој поради тоа на селекторот Фернљандо Сантош му се заканил дури и со напуштање на Мундијалот во Катар.
Ветеранот своето незадоволство го демонстрира и по мечот, кога прво предвреме замина во соблекувалната додека соиграчите се радуваа со навивачите, а потоа и со одбивање да тренира со резервистите. Португалскиот „Рекорд“ денеска носи ексклузива дека Кристијано тешко го прифатил седењето на клупата и се заканил дека такво нешто се повтори и во следната пресметка со Мароко, тој дефинитивно ќе ја напушти националната селекција.