Во пресрет на првиот натпревар од четвртфиналната рунда на Светското фудбалско првенство, кој ќе го одиграат утре (16 ч.) Бразил и Хрватска, селекторт на „коцкестите“ Златко Далиќ е задоволен од досега постигнатото на неговите избраници. Хрватскиот селектор кој ги предводеше „коцкестите“ до финалето на минатијот Мундијал во Русија до финалето каде беа запрени од Франција да се искачат на светскиот врв, не сака да создава дополнителен притисок врз своите избраници пред четвртфиналната рунда во Катар. Далиќ не крие дека ќе сторат се да не им заврши тука мундијалската приказна и најавува голема борба против фаворитот Бразил.
-Ова е нашето руско финале. Хрватска е единствената помала земја која го повтори успехот од пред четири години и нема да застанеме тука, сакаме да одиме напред, рече Далиќ.
Како дел од подготовките за овој натпревар најуспешниот хрватски селектор Далиќ ја посочи пресметката на Бразил со Србија.
-Го гледавме натпреварот помеѓу Бразил и Србија. Добар еден час Србија парираше, но после тоа српските играчи станаа нервозни, а Бразил играше. Сè се смени по првиот гол. Мора да останеме дисциплинирани и трпеливо да ја чекаме нашата шанса, додаде хрватскиот стратег.