Два дена по елиминацијата од Мароко во осминафиналето на Светското фудбалско првенство, Луис Енрике доби отказ од позицијата селектор на Шпанија.
Енрике, кој ја презеде Шпанија во мај 2018 година, по претходното Светско првенство 2018 во Русија, имаше важечки договор со Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) до кракот на оваа година.
„РФЕФ им се заблагодарува на Луис Енрике и неговиот стручен штаб за ангажманот поврзан со националниот тим во последните четири години. Спортското раководство на Федерацијата поднесе извештај до претседателот одлучно во намерата дека треба да се почне со нов проект со цел да продолжи растечкиот тренд постигнат последните години”, се наведува во официјалното соопштение.
Шпанија, која беше во поширокиот круг кандидати за освојување на светската титула на Мундијалот во Катар доживеа сензационална елиминација на пенали од Мароко.
Енрике по натпреварот ја презеде одговорноста, пред се поради лошиот избор на изведувачи на пенали, па „Фуријата“ испадна без да погоди ниту еден пенал. Сепак, Енрике тогаш најави дека неговата судбина на кормилото на Шпанија ќе биде позната за една недела, но отказот дојде многу побрзо.
Како главен фаворит за негов наследник се споменува Луис де ла Фуенте. Станува збор за селекторот на младата репрезентација на Шпанија со која стана европски првак во 2019 година, а подоцна го освои и сребрениот медал на Олимпијадата во Токио во 2020 година.
Official. Luis Enrique leaves Spanish national team, statement confirms. ???????????? #Qatar2022
It’s over after internal meeting — as Luis Enrique is prepared to return to club football. pic.twitter.com/5oZ5PMrSTf
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 8, 2022