Англискиот фудбалски репрезентативец од редовите на Челзи, Рахим Стерлинг ќе им се приклучи на своите колеги во државниот тим за четвртфиналниот натпревар на „Гордиот Албион“ против Франција кој ќе го одиграат на Светското првенство во Катар. Стерлинг пред неколку дена експресно ја напушти репрезентативната база во Катар и се врати во Лондон поради семејни проблеми.
Стерлинг не играше во осминафиналето против Сенегал (3:0) бидејќи претходно неговиот дом бил ограбен, по што англискиот репрезентативец замина да биде покрај своето семејство.
Англискиот фудбалер ангажира дополнително обезбедување по грабежот во кој остана без пари, часовници и скап накит.