Бразилскиот селектор Тите поднесе оставка по елиминацијата на неговата репрезентација во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство во Катар. Огромно е разочарувањето во бразилскиот табор по денешната елиминација од Хрватска, а цената ја плати селекторот Тите.
– Овој пораз навистина многу боли. Ова е крај на еден циклус, тука нема дилема. Не сум човек што многу зборува, луѓето кои ме познаваат добро го знаат тоа. Зборував повеќе од две години, време е некој друг професионалец да го заземе моето место, изјави Тите.