Аргентина предводена од Лионел Меси е вториот полуфиналист на Светското фудбалско првенство кое се одржува во Катар, откако на пенали ја совлада Холандија (2:2 по продолженија, 4:3 на пенали). Противник на Аргентина ќе и биде Хрватска која во првиот четвртфинален меч победи на пенали против Бразил.
Аргентина поведе во 35. минута. Меси го проигра 24-годишниот Нахуел Молина, играчот на Атлетико Мадрид излезе пред голманот Ноперт и ја испрати топката во мрежата чекор пред Ван Дијк – 1:0. Предноста ја удвои капитенот на Аргентина со гол од пенал во 73. минута. Претходно Дамфрис брзо стартуваше во шеснаесетникот и го собори Акуња. Тоа беше десетти гол на Меси на Светското првенство.
Аргентинците беа поуспешни и победија со 4:3. Херој беше голманот Емилијано Мартинез , кој одбрани удар на Ван Дијк и Бергхуис .