Ивана Кнол деновиве на Светското првенство во фудбал со својата убавина го привлекува вниманието на публиката и медиумите, но денеска ќе има конкуренција на трибините.
38-годишната Изабел Гуларт, поранешен ангел на „Викторија сикрет“, беше прогласена за најубава бразилска навивачка, а нејзините фотографии на кои таа ја бодри бразилската репрезентација на натпреварите во Катар го обиколија светот.
На натпреварот помеѓу Бразил и Јужна Кореја, Изабел привлече внимание во тесен жолт фустан, кога гордо се завитка во бразилското знаме.
Инаку, манекенката во 2018 година се сврши со германскиот фудбалер Кевин Трап, па оваа жестока навивачка можеше да се види и на натпреварите на Германија.