Хрватска е првиот полуфиналист на Светското фудбалско првенство во Катар откако на пенали го клекна на колена и најтрофејниот петкратен освојувач на мундијалски титули Бразил.
Хрватска искористи четири удари од белата точка, а Бразил само два, откако натпреаврот по 120 минути игра заврши 1:1.
– Ова е победа за хрватскиот народ. Честитки за момците. Го исфрливме најголемиот фаворит. Ова е Хрватска. Никогаш не ја потценувајте, го кажав тоа. Ова не е нашиот крај, да продолжиме понатаму. Ова е победа за Хрватска, секој го даде својот максимум. Би сакал да ги поздравам сите мои пријатели кои пишуваат за Хрватска. Уживајте, хрватски бранители, ова беше за вас. Овие мои играчи не се нормални – изјави Далиќ по мечот за ХРТ.