Напаѓачот на Бразил, Нејмар, го отвори резултатот во четвртфиналето на Светското првенство 2022 година против Хрватска.
Овој гол беше 77. гол за 30-годишниот фудбалер за националниот тим – точно исто толку постигна и легендарниот бразилски напаѓач Пеле.
Сега Нејмар и Пеле го делат рекордот по голови за бразилската репрезентација.
Сепак, Нејмар вечерва нема многу причини за славје, бидејќи Хрватска на пенали го елиминира Бразил.
Хрватска во полуфиналето на Светското првенство 2022 ќе игра со победникот од мечот меѓу Холандија и Аргентина (почеток 20 часот).