„Најдобриот пеналџија секогаш шутира прв. Бразил ја направи таа грешка, Аргентина не“

Алан Ширер, стручниот коментатор на Би-би-си, го критикуваше бразилскиот селектор Тите, кој го остави Нејмар да шутира последен во пенал серијата против Хрватска.

Епилогот беше таков, што Нејмар не доби шанса да шутне, бидејќи Ливаковиќ во првата серија го одбрани ударот на Родриго, а Маркињос во четвртата серија ја погоди стативата.

Паралелно со тоа, сите четворица хрватски изведувачи беа прецизни и Хрватска победи пред петтата серија, за која Тите го чуваше своето најсилно оружје.

„Клучно во пенал серијата, која ги реши двата четвртфинални натпревари, беше она што Бразил не го направи против Хрватска, а Аргентина го направи против Холандија. Тоа е дека најдобриот пеналџија мора прв да шутира. На тој начин, останатите изведувчи добиваат самодоверба и ритам. Видовте како изгледаа Бразилците по промашениот пенал на Родриго и колку Аргентинците беа смирени и се наполнија со самодоверба кога Меси го погоди првиот пенал“.

Треба да знаете
Последни објави