Дешам: Ниту еден полуфиналист на СП 2022 го контролираше натпреварот цело време

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам рече дека ниту еден полуфиналист на Мундијалот во Катар не одиграл константно цел натпревар.

– Одлично е што нашите играчи повторно се пласираа во полуфиналето. Имавме малку среќа против Англија, бидејќи два пенали беа упатени во нашиот гол, но успеавме да го задржиме водството. Ги гледав сите четвртфиналиња, а ниту една екипа што се пласираше во полуфиналето не го контролираше текот на натпреварот целото време. Би сакал да не и дадовме подароци на Англија, но противникот се покажа на многу високо ниво, изјави Дешам за „Дејли мејл”.

Франција во четвртфиналето вчеравечер ја победи Англија со 2:1. Во полуфиналето „триколорите” ќе играат со Мароко на 14 декември.

Ден претходно (13 декември) во првото полуфинале ќе се сретнат Хрватска и Аргентина

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам рече дека ниту еден полуфиналист на Мундијалот во Катар не одиграл константно цел натпревар.

– Одлично е што нашите играчи повторно се пласираа во полуфиналето. Имавме малку среќа против Англија, бидејќи два пенали беа упатени во нашиот гол, но успеавме да го задржиме водството. Ги гледав сите четвртфиналиња, а ниту една екипа што се пласираше во полуфиналето не го контролираше текот на натпреварот целото време. Би сакал да не и дадовме подароци на Англија, но противникот се покажа на многу високо ниво, изјави Дешам за „Дејли мејл”.

Франција во четвртфиналето вчеравечер ја победи Англија со 2:1. Во полуфиналето „триколорите” ќе играат со Мароко на 14 декември.

Ден претходно (13 декември) во првото полуфинале ќе се сретнат Хрватска и Аргентина.

Треба да знаете
Последни објави