Кејн ја презеде одговорноста по поразот од Франција

Англискиот напаѓач Хари Кејн се осврна на поразот од репрезентацијата на Франција (1:2) синоќа во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

-Јас сум огорчен, тимот е огорчен. Имавме верба дека можеме да направиме нешто специјално, нешто големо на ова Светско првенство, а на крајот си заминуваме поради маргини, поради ситни детали. Сметам дека имавме подобри шанси и дека бевме подобри на моменти. На крајот, се се сведува на егзекуција. Како капитен, ја преземам одговорноста за промашениот пенал. Тешко е да се прифати, но таков е фудбалот, ќе боли, но мора да продолжиме напред. Не можам да бидам погорд на оваа група, мора да бидеме подготвени за иднината. Имаме големи таленти, не чека Европско првенство за една и пол година и одиме напред. Тоа е фудбалот, таков е спортот. Мора да се прифатат работите такви какви што се и да се продолжи напред,  рече Кејн.

Селекцијата на Англија не успеа да ја помине Франција во четвртфиналето. При резултат 1:2, 29-годишниот Англичанец не успеа да реализира пенал.

Репрезентацијата на Англија по деветти пат учествуваше во четвртфиналето на Светското првенство, но Британците само три пати успеаја да се пробијат во полуфиналето.

Францускиот во полуфиналето на 14 декември ќе игра со селекцијата на Мароко.

Треба да знаете
Последни објави