Македонската репрезентација во „кантер-страјк“ двоен светски шампион

Македонската е-спорт репрезентација во „кантер-страјк“ го освои Светското првенство откако во финалето ја совлада Монголија со 3-1.

Нов голем успех за македонскиот е-спорт, нашата репрезентација во финалето на Светското првенство кое се играше во Индонезија, беше подобра од Монголија со 3-1 во мапи и се качи на највисокото место на тронот во „кантер-страјк“.

Ова е втор голем успех за македонскиот е-спорт за кратко време откако Мартин Саздов беше дел од тимот во Дота кој победи на „Интернешнл“ 11.

Македонската кантерашка репрезентација доминира во светот на е-спортот, таа веќе е двоен европски и светски шампион.

Треба да знаете
Последни објави