Американецот Дастин Вер сезонава ќе ја продолжи во „сино-белиот” дрес на МЗТ Скопје Аеро ром, што за него е враќање во добро позната средина во која настапуваше до пред крајот на јануари оваа година.
– Плејмејкерот денеска потпиша нов договор со нашиот тим за да го доврши тоа што го почна минатата сезона, кога беше еден од најдобрите во нашиот тим со што го привлече вниманието на побогатите екипи од посилните првенства. Тој се пресели во француски Шалон Ремс, каде што ја доигра сезоната, а потоа настапуваше за екипи од Венецуела и од Литванија.
Триесет и двегодишниот Вер доаѓа на местото на Бре Ајви, кој по само неколкуте добри партии во низа доби побогати понуди кои му го нарушија фокусот и посветеноста кон нашиот тим, па изрази желба по секоја цена да си замине. Како и повеќе пати претходно, не сакавме во своите редови да имаме незадоволен кошаркар кој нема да го дава својот максимум, поради што му излеговме во пресрет, додаваат од МЗТ.
Во таборот на аеродромци веруваат дека Вер ќе помогне во борбата за опстанок во регионалата АБА-лига.