Вориорси го добија дербито со Селтикс, нов трипл дабл на Јокиќ

Клеј Томпсон постигна 34 поени, а Стеф Кари додаде 32 со шест тројки за победата на Голден Стејт против Бостон (123:107) во репризата на финалето на НБА минатата сезона во кое Вориорс победија во шест натпревари. Селтикси дојдоа во Калифорнија поттикнати од осум победи во последните девет натпревари, но тоа не значеше ништо.

Кај гостите најефиксен беше Џејлен Браун кој постигна 31 поен со девет скока, а Џејсон Тејтум остана на 18 поени.

Никола Јокиќ го забележа јубилејниот 80-ти трипл-дабл во својата НБА кариера. Во победата на неговиот Денвер Нагетс против Јута Џез, српскиот кошаркар забележа 31 поен, 14 асистенции и 12 скока.

– Ако сакате да го чувате еден на еден, тој ќе даде кош. Ако му ставите два, ќе го најде отворениот човек – ја коментираше одличната игра на својата најголема ѕвезда тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун.

Без повредениот Лука Дончиќ, Далас доживеа дебакл на гостувањето во Чикаго (144:115). Предводени од Демар Дерозан (28 поени), Булси на полувремето заминаа со предност од 82:53, соборувајќи го клупскиот рекорд по бројот на постигнати поени во првото полувреме. Тие не заостанаа далеку од клупскиот рекорд за најмногу поени во половина (86) поставен во второто полувреме против Феникс во 1990 година.

Треба да знаете
Последни објави