еверна Македонија го освои само 14. место од вкупно 16 учесници на годинешниот избор за најдобра песна на Јуниорската Евровизија. Со освоени 54 поени, земјава имаше подобар резултат само од Казахстан (15. место, 47 поени) и Малта (16. место, 43 поени). На двете позиции над Северна Македонија завршија Србија (13. место, 92 поени) и Албанија (12. место, 94 поени).
Македонски претставник на годинешното, 20-то издание на Детската Евровизија, беше Лара Трпчевска, која беше придружувана од Јован и Ирина. Автор на песната со која настапија, „Животот е пред мене“, е пијанистот Симон Трпчевски, продуцент е Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа.