ЖРК Ѓорче Петров забележа убедлива победа 45:26 против Јагс од Австрија во првиот натпревар од Европскиот куп.
Со втората победа на третиот европски меч сезонава „лавиците“ со една нога се во осминафиналето на Европскиот Куп и на пролет ќе продолжат да играат како единствен македонски женски тим.
Ангела Јанкуловска со 10 гола беше најефикасна на натпреварот.
Реваншот ќе се игра денес со почеток во 18 часот.