Француската полиција употреби солзавец на Елисејските полиња во Париз каде илјадници луѓе ги славеа победите на Мароко и Франција во четвртфиналето на Светското првенство.
Илјадници навивачи ја исполнија најпознатата авенија во Париз веднаш по завршувањето на натпреварот меѓу Мароко и Португалија, пеејќи, веејќи знамиња и свирејќи со сирени. Уште повеќе од нив се собраа таму по победата на Франција над Англија.
Ројтерс и Ле Фигаро пишуваат дека некои почнале да кршат излози по што се судриле со полицијата, која потоа испукала солзавец. Огромното мнозинство навивачи, сепак, не се тепало, туку бурно ги славело успесите на своите тимови.
Франција и Мароко ќе играат меѓу себе во полуфиналето на Светското првенство во Катар.
Според францускиот информативен канал BFMTV, во саботата навечер на Шанзелизе имало 20.000 луѓе, а уапсени се 74.
????????⚡️ The Champs-Élysées in Paris, often regarded as the “most beautiful avenue in the world” turned into a war zone by Moroccan football fans rioting after their World Cup victory.#macron #paris #ChampsElysees #WorldCup #FIFAWorldCup2022 #WorldCup2022 pic.twitter.com/7QwhbAN26w
— hem_day (@hem_day) December 11, 2022