Пари Сен-Жермен не се откажа од борбата за потпис на играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, објави „Ел Национал”.
Парискиот клуб е подготвен да плати повеќе од 120 милиони евра за 19-годишниот англиски репрезентативец.
Претходно медиумите пишуваа дека за играчот се заинтересирани и Челзи, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Манчестер сити.
Оваа сезона Англичанецот забележа 22 настапи за „милионерите” во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола и три асистенции.
Белингем игра за Борусија Дортмунд од 2020 година. Неговиот актуелен договор истекува на 30 јуни 2025 година.