Тотална еуфорија владее во Мароко по историскиот успех и пласманот во полуфиналето на СП 2022, каде Мароканците станаа прва африканска селекција што се пласирала меѓу најдобрите четири во светот.
Селекторот Валид Реграгуи е еден од најзаслужните за овој извонреден успех, стратегот што дојде на функцијата пред само три месеци на местото на Халилхоџиќ експесно ги врати отпишаните играчи во националниот тим, а потоа создаде моќен колектив кој прими само еден гол (и тој автогол) на првите пет одиграни средби во Катар.
„Луѓето зборуваат за нас како да сме големо чудо. Но ние не сме чудо, ние сме како Роки Балбоа, го правиме она што најдобро го знаеме и докажуваме дека во светот може да се успее и ако немате многу талент и пари. А знает дека обичниот народ секогаш сака да навива за Роки Балбоа. Она што е најважно е дека покажавме и за идните генерации, дека африканска селекција може да стигне до полуфиналето, можеби и до големото финале, зошто да не. Пред почетокот на СП ме прашаа дали можеме да го освоиме турнирот. Им реков: Зошто да не? Можеме да сонуваме, без соништа не можеш да стигнеш никаде, а се бесплатни, не плаќаш ништо за да сонуваш“, изјави Валид Реграгуи.