Англиските навивачи во алкохолот најдоа утеха од поразот во четвртфиналето на Мундијалот. Англичаните вчера подготвуваа голема фешта за да го прослават пласманот во полуфиналето на турнирот во Катар, но нивните планови ги сменија нивните миленици со пораз од 2:1 од Франција.
Сепак, во 30.000 пабови ширум земјата ја „удавија“ својата тага со вкупно 350 милиони фунти испиени за време на четвртфиналниот натпревар, според истражувачката компанија GlobalData.
Кафулињата и клубовите низ целата земја ги отворија вратите за нокаут натпреварот, при што продажбата на пиво скокна за 50 проценти на најпрометниот ден од декември 2019 година – пред пандемијата на Ковид.
Околу 23 милиони Англичани го гледаа мечот со Франција, најголемата ТВ-спортска публика од минатогодишното финале на Евро 2020, каде што трите лава загубија од Италија на пенали, 31 милион.