Давидовски чекор по чекор го оствари сонот

На автомобилистото Виктор Давидовски му беа потребни пет години работа, желба, цел, мотив за да во 2022 година да стане првиот Македонец што успеал да победи на TCR Europe трка, во Франција, а потоа и да биде првиот нашинец што возел на светскиот FIA WTCR со 15 најдобри возачи од целиот свет. Притоа две сезони ја има освојувано титулата од Diamond Cup во TCR Europe

„Дојде тивко и влезе во легендите“. Она што досега никому во Македонија не му успеало тој веќе го има во своите витрини. Веќе е легенда на македонскиот авто спорт, па и во регионот поставувајќи нови граници кои другите ќе треба да ги надминат. Од сезона во сезона, одеше чекор по чекор. Трпеливо во остварување на сонот и целите.

Притоа во вториот настап на FIA WTCR трката во Саудиска Арабија се искачи и на подиумот. Иако победникот беше негов клупски колега, членовите на тимот извикуваа Виктор, Виктор, Виктор покажувајќи ја почитта кон нашиот возач кој иако е „џентлмен возач“ кој иако не е професионалец, сепак возеше „профи“. Успесите што ги постигна, континуитетот и константноста во формата ќе му донесат на Давидовски уште еден успех – од следната сезона неговата лиценца во ФИА ќе биде „професионален возач“. Останува во истиот тим Comtoyou racing, но секако возилото ќе остане препознатливо по ознаката на PSS, односно PSS Racing Team, од каде почна се уште во 2018 година кога првпат најави дека влегува во TCR Europe. Почна со Honda, но откако се префрли на Audi се смени се.. и тргна на добро и подобро.

Меѓу задолжителните часови по концентрација и возење симулатор на патеките на кои в година ќе се бори за нови подиуми и можеби и титулата, Давидовски сподели со 24auto детали за тоа како помина оваа 2022 година. Колку е задоволен, што беше клучно, што ќе биде ново… можете да прочитате ТУКА.

Треба да знаете
Последни објави