Просинечки смета дека „гаучосите“ имаат предност во дуелот против Хрватска и ќе обезбедат финале, каде што ќе го чекаат подобриот од мечот меѓу Мароко и Франција.
„Сите знаеме дека ако игра Меси на врвно ниво, тогаш никој не може да го запре. Знаеме дека и тој е под притисок, но јас сметам дека Аргентина е фаворит. Тоа ќе биде забавен натпревар, но сметам дека не би било фер за фудбалот ако Меси не стане светски шампион“, вели Просинечки.